| |
|
САИЦМ на дневен ред ја стави
нанотехнологијата
Од 11-15 Мај, Женева
е домаќин на втората сесија од меѓународната
конференција за управување со хемикалиите.
Иако т.н свински грип се уште е "на сила" и е топ тема во кулоарите на
Меѓународниот конгресен центар во Женева, каде има делегати од целиот
свет, и едно десетина од Мексико, сепак на официјалната агенда се темите
поврзани со програмата за управување со хемикалии на меѓународно ниво,
попозната како САИЦМ.
На првиот ден од отворањето на конференцијата главната тема околу што се
разговараше беше околу нанотехнологијата и за тоа каде е опасноста, дали
во самата технологија или пак во материјалите кои се употребуваат за
нејзино функционорање?
Исто така, една од главните теми беше и како да се избегне употребата на
оловото во боите кои се употребуваат во домаќинството и во ликовната
уметност.
И додека владините претставници се обидуваат да направат ред во
управувањето со хемикалиите, па дури и да етоа преку нанотехнологијата,
претставниците на НВО секторот се многу попрактични и преку спроведените
проекти покажуваат што тоа би требало да значи во практика.
Па така, ВЕЦФ ( Жените од Европа за заедни;ка иднина), во која
организација полноправен член е НВО - Новинари за права на жени и деца и
заштита на животната средина на Македонија разговара за забрана на
производство на отровни играчки, а како главна тема го постави и
прашањето за влијанието од загадувањето од хемикалии врз здравјето на
жената. Голем број на истражувања покажуваат дека ракот на дојката е
последица токму на тоа...
НВО секторот на оваа сесија за прв пат јавно побара ревизија на парите
дадени за НВО од источна Европа преку ГЕФ, бидејќи се сомнева за нивна
злоупотреба. Исто така, се побара поголем буџет за подигнување на свеста
за оваа проблематика, на сметка на средстваат кои се даваат за
климаските промени а кои се баснословни.
од Женева за НЕА, Наташа Доковска
Девет нови хемикалии додадени на
црната листа на ОН за POPс
Владите на земјите учеснички на Втората меѓународна
сесија за СЕЦИМ, додаде девет од дванаесет нови хемикалии на црната
листа на ОН. а кои се забранети во согласност со Стокхолмската
конвенцијата за Постојано органско загадување ПОПс.
Догроворот е склучен во Женева, кога претставници на владите учеснички
исто така го поддржаа новиот план за намалување на употребата на ДДТ.
ЕУ имаше период од 4 години зад себе за да доведе до вклучување на овие
9 ПОП хемикалии на црната листа - таканаречени "валкана дванаесетка".
Ова е прва експанзија на црната листа, на која сега се наоѓаат вкупно 21
хемикалија.Додадените девет хемикалии на црната листа се:хлордекон,
пент-БДЕ, хеџабромобипхенѕл, линдане, ПФОС, окта - БДЕ, пентахлоробензин,
алфа -ХЦХ и бета ХЦХ. Најголем дел од нив се пестициди и запаливи
супстанци.
Меѓународната НВО мрежа за елиминација ПОПс, ИПЕН, чиј полноправен член
е и НВО - Новинари за права на жени и деца и заштита на животната
средина на Македонија, ИПЕН го поздрави овој договор, но кажа дека
мерките за контрола усвоени за три хемикалии -пентаБДЕ, октаБДЕ и ПФОС
не се соодветни.
Владата се договори дека ќе дозволи продолжување на рокот за рециклирање
и повторна употреба на производите кои ги содржат овие хемикалии во
нивниот состав, до 2030-тата година. "Тоа ќе значи дека поради пената за
мебел која содржи 18 отсто пентаБДЕ дека мебелот ќе биде исечкан на
парчиња, а потоа тој материјал ќе се користи како подлога за нови подни
елементи - теписи и повторно ќе се врати во нашите домови, каде што ќе
бидеме изложени на нејзиното влијание". - реагираше ко-претседателот на
ИПЕН мрежата, Јамиду Катима.
Kонтроли и камери во шумите како превенција од пожари
Ќе им се одземаат концесиите на сточарите доколку се утврди дека намерно
ги палат пасиштата
Тендерот за набавка на авиони за гаснење пожари и противпожарни возила
ќе заврши дури на 25 јули, потврди министерот за земјоделство,
водостопанство и шумарство, Ацо Спасеноски. Како што веќе пишуваше Утрински,
набавката на авионите беше најавена уште минатата година, во периодот
кога огнените стихии беснееја низ државата. Но, поради одолжувањето на
постапката за распишување тендер, противпожарната опрема ќе пристигне
дури наесен, кога всушност и ќе стивне опасноста од големи пожари. И
покрај тоа што на службите им останува само старата опрема за да се
справуваат со огнените јазици, министерот Спасеноски уверува дека се
преземени низа превентивни мерки за спречување на пожарите.
Тој по вчерашниот координативен состанок со претставници од ЈП Македонски
шуми, Дирекцијата за спасување и заштита и Центарот за управување со
кризи, најави засилени контроли и набљудување на шумските предели, како
и воздушно набљудување со цел навремено да се забележуваат пожарите и
уште во самиот почеток да се спречи нивното ширење.
Покрај забраната за движење во шумите подлежни на пожари донесена лани,
поставени се и камери за набљудување. Новина е тоа што од годинава ќе се
одземаат договорите за концесија на пасиштата доколку се утврди дека
корисникот ги пали заради чистење од плевели, изјави министерот.
Тендерската постапка за набавка на авиони за гасење пожари и возила
завршува дури на крајот на јули, а пристигнувањето на опремата може да
се очекува дури наесен. На 25 идниот месец ќе заврши тендерот за
набавка на три авиони за гасење пожари што го објави Дирекцијата за
заштита и спасување, а во тек е и тендер за набавка на 10 нови
специјални возила и опрема, рече Спасеноски.
Надлежните служби констатираат дека покрај опремата, во намалувањето на
пожарите во летниот период важна е и едукацијата на населението како да
се однесува во шумите. Според податоците од лани, најголем дел од
пожарите се предизвикани од човечки фактор, несовесно однесување или пак
намерно потпалување на шумските појаси.
Најчести предизвикувачи на пожарите се несовесни сточари, ловци,
излетници во шума, собирачи на лековити растенија, патници кои минуваат
низ шумските предели и земјоделци кои ги палат стрништата и плевелите на
своите посеви, констатираа надлежните на вчерашниот состанок. За жал,
тие потенцираат дека иако шумите се богатство на целата држава и имаат
големо значење, искуството од минатата година покажало дека населението
не се вклучува во локализирањето на пожарите.
Месното население речиси и да не се вклучуваше во гаснењето на пожарите,
освен во услови кога огнот се наоѓаше во непостредна близина на
населените места. Иако шумите играат значајна улога во заштита животната
средина, еколошките друштва воопшто не се вклучуваа во активностите за
гаснењето на шумските пожари, велат од ЈП Македонски шуми.
Минатата година во Македонија имаше вкупно 652 шумски пожари, од кои
најголем дел - 198 пожари се активираа во јули на повеќе локации низ
земјава. Во огнените стихии беа опожарени над 617 кубни метри дрвна маса,
а штетите се проценети на над една милијарда денари. Најпогодени региони
беа Велешко, Скопско Кичевско, а огромни штети претрпеа и Демирхисарско
и Гевгелсико.
Проект "Искористување на сончевата енергија"
на Општина
Центар
Соларна енергија за градинката "Корчагин"
На покривот на градинката "Раде Јовчевски - Корчагин" ќе бидат
инсталирани сончеви колектори, со кои ќе се намали потрошувачката на
електрична енергија и ќе се овозможи заштеда на значителни финансиски
средства, индиректно намалување на потрошувачката на фосилните горива за
производство на електрична енергија, која најчесто се употребува за
добивање на санитарна топла вода и развивање и надградување на
еколошката свест и одговорноста во заедницата. Проектот "Искористување
на сончевата енергија" партнерски ќе го спроведуваат општина Центар и
Македонското Здружение за заштита при работа - МЗЗПР.
- Поддршка за реализацијата добивме од програмата СЕЦТОР на Регионалниот
центар за Заштита на животната средина за Централна и Источна Европа, а
финансиски средства од Шведската агенција за меѓународен развој и
соработка. Со овој проект ќе се овозможи намалување на неконтролираната
емисија на гасови кои придонесуваат за создавање на ефектот на Стаклена
градина, со посебен акцент на јаглерод двооксид - информираат од општина
Центар.
Во следниот период ќе се организираат едукативни работилници со децата
од градинката, со цел подобро да се запознаат со начините на
искористување на сончевата енергија, штедењето на природните суровини и
заштита на животната средина. Активностите и резултатите од проектот ќе
бидат промовирани на презентации, а ќе се подготви и богат промотивен
материјал.
НИСКА
ЕКОЛОШКА СВЕСТ ВО БИТОЛА
Се лови,
се продава и се јаде риба од реката во која се влева
непрочистена вода од пет индустриски капацитети и од
градската канализација,
поради што таа е забранета за риболов

Риби од реката Драгор, која хемиски и биолошки е загадена,
стигнуваат на битолските трпези. Реката се формира од
неколку пелистерски потоци, но во течението низ Битола се
влеваат непрочистени води од пет индустриски капацитети, а
во долниот дел и градската канализација. Но, тоа како да не
е доволно предупредување за рибарите. Иронијата да биде
поголема, затекнавме рибари како фаќаат риби неколку метри
пред таблата што ја поставила Општината да ги информира
граѓаните дека риболовот е забранет заради хемиска
неисправност на водата. Лицата што ја прекршуваа забраната
рекоа дека ловат за домашни потреби. Но, дознаваме дека дел
од пленот завршува и на пазарите.Ако успеат да преживеат, во
реката пливаат поточни кленови и кркушки. Уловените ги
продаваат на пазар поевтино за 20 до 50 денари и го мамат
народот. Вака продаваат риба и од Црна Река, која е
позагадена од Драгор - вели Мичо Јовановски, битолски
риболовец.И специјалистите по хигиена не ја исклучуваат
можноста рибите од реката, во чија вода има пестициди, тешки
метали и други штетни соединенија, да завршуваат на трпезата.
- Годинава нема да се испитува квалитетот на водата зашто не
е влезена во програмата за превентивна здравствена заштита.
Одредени се други приоритети. Загадувањето главно доаѓа од
канализацијата во долниот дел на реката и од испуштањето на
непрочистените индустриски води. Драгор повеќе пати се
порибувал, а истовремено се случувале и помори - вели д-р
Марика Иванова од Заводот за здравствена заштита во
Битола.Според неа, загаденоста на водата штетно влијае врз
здравјето на луѓето затоа што се случувало со неа да се
полеваат ниви, а плодот да се продава по пазарите.
Истражувањата на Друштвото за околина Молика покажаа дека
при влезот во градот квалитетот на водата е од втора, а при
излезот од четврта или од петта категорија, што значи мртва
река. Според анализите, водата ги собира отпадните материи
на два од шестте колектори на градската канализација.
Општинските власти редовно го чистат коритото на реката. Но,
еколошката свест на граѓаните е на ниско ниво, па во реката,
освен пластичен отпад, завршуваат и стари шпорети,
автомобилски каросерии и друго. Некои процени говорат дека
Македонија ќе треба да инвестира околу 6 милијарди евра во
следните 10 години за да може да ги достигне стандардите што
се бараат од Европската Унија во однос на заштита на
животната средина од индустриско загадување, емисија на
стакленички гасови и друго - вели Нешат Аземовски од
Еколошкото здружение Биосфера.
Македонија мора повеќе да се грижи за
заштита на животната средина, што вклучува и рециклирање на
пластиката. Ова беше порачано од Првиот бизнис-форум за
рециклирање пластика, кој почна во Охрид во организација на
италијанскиот Национален институт за надворешна трговија и
Проектот за рециклирање пластика на УСАИД, јави
МИА.Светските лидери се фокусираат на улогата на јавниот и
на приватниот сектор во заштитата на планетата. Добро е што
Владата, бизнис-секторот и општинските лидери се подготвени
да го унапредат партнерството што ќе придонесе рециклирањето
пластика да се претвори во одржлива индустрија во Македонија
- рече директорката на мисијата на УСАИД во земјава, Патриша
Рајдер.Според амбасадорот на Италија во Македонија, Донатино
Маркон, јавно-приватното партнерство е победничка формула
што осигурува подобар квалитет на услугите, почиста животна
средина и подобар живот. Денешната иницијатива поврзува две
важни теми, презентација на најновите достигања во
италијанската технологија за рециклирање пластика и
концептот за јавно-приватните партнерства во управување со
отпадот - истакна тој. Државниот секретар во Министерството
за животна средина, Дејан Пановски, информира дека во
земјава се усвоени национални стратегии за управување со
отпад и за имплементација на механизмите за чист развој. Тој
смета дека е потребна поголема соработка помеѓу сите страни
за да се создаде одржлива политика, што ќе придонесе за
привлекување повеќе странски инвестиции. Проектот на УСАИД
ја формира и Првата асоцијација на субјекти што се
занимаваат со рециклирање во Македонија (ПЕТРА). Стартот на
општинската Програма за собирање и рециклирање пластика во
Охрид симболично ќе започне со фрлање пластични шишиња во
специјални контејнери лоцирани на градскиот плоштад во Охрид.

На 25јуни
2007 г. беше формирана Новинска еколошка агенција (НЕА), во
која ќе можат да членуваат новинари кои ги обработуваат
темите од областа на екологијата во рамките на своите
медиуми.
Филип Спировски, претседател на НВО Новинарите за правата
на жените и децата и заштита на животната средина истакна
дека овој проект има за цел да се сврти вниманието кон
животната средина во Македонија, затоа што факт е дека
новинарите повеќе сакаат да пишуваат за теми кои се далеку
од оваа област како политиката или економијата, а во светот
темите за заштитата на животната средина се на првите
страници од пишаните и во ударните термини на електронските
медиуми.
- Во натамошниот период целта ни е да станеме одржлива мрежа
на еко-новинари која прилозите на своите членови ќе ги
пласира надвор од нашата земја, истакна координаторот на
проектот Наташа Доковска.
Македонија се вклучува во светската кампања против климатските
промени
Нашата клима се менува, мора да се
промениме и ние
Еколошката НВО ФРОНТ 21/42 во соработка со Британската амбасада
во Скопје ја започнаа кампањата Нашата клима се менува, мора да се
промениме и ние. Како што истакна Искра Стојковска од Фронт 21/42
, целта на проектот е да се мотивира активно учество на
македонската популација во глобалната кампања за климатските промени.
Во рамките на проектот тие направиле истражување за тоа колку
македонските граѓани се запознати со климатскитепромени. Резултатите
до кои дошле говорат дека речиси ништо не знаеме за оваа
проблематика. Како прилог на тоа е одговорот на 31 отсто од
испитаните средношколци, кои на прашањето кој е виновен за
климатските промени одговориле - божјата воља. Исто така интересн е
и податокот дека најголем број на испитаници рекле дека ќе
придонесат со сопственото однесување да се намалат последиците од
климатските промени со што ќе внимаваат каде ќе го фрлаат отпадот,
што говори какво е познавањето на македонските граѓани околу оваа
проблематика.
Целта на проектот е едукацијата на населението, посебно на
средношколците. Во рамките на проектот ќе се организираат јавни
дебати, изложби, пошумувања со 28.000 садници, и тоа во две фази, а
како дел од кампањата на ОН, Милијарда дрва низ планетата.
Британскиот амбасадор Ендрју Ки, кој исто така учествуваше на пресот
истакна дека и нашата земја има голем удел во борбата против
климатските промени. Според него секој граѓанин во Македонија треба
да се вклучи во борбата против климатските промени, со тоа што ќе го
смени начинот на живот. За него најважно е граѓаните на Македонија
да внимаваат на потрошувачката на електричната енергија и намалената
употреба на возилата. Кон неговата акција во борбата против
климатските промени се вклучува и неговата сопруга Џоана Ки, која е
експерт за климатски промени. Таа смета дека оваа тема е најважна во
светот и дека доколку не се стори нешто во насока на намалување на
последиците од климатските промени дека може да дојде до
катастрофални последици, па дури и бришење на цели еко-системи.
Zjaret qė pėrshkuan
vendin gjatė verės, shkatuan dėme ekologjike
Qeveria e Maqedonisė premtoi
se do tė bėjė sanimin e pasojave nga zjarret e sivjetshme,tė cilat
dogjėn gjithsej 34.010 hektarė pyll. Siē ka bėrė tė ditur zėdhėnesi
qeveriatrė Ivica Bocevski gjatė njė aksioni masiv tė cilin do ta ndėrmer
qeveria,nė tė gjitha rajonet e vendit do tė mbillen aq drunj sa ka
banorė nė Republikėn e Maqedonisė.
Temperaturat e larta qė pėrshkuan
territorin e Maqedonisė gjatė kėtij viti,krijuan terren tė favorshėm pėr
pėrhapjen e zjarreve nė pyjet dhe kullotat e vendit. Statistikat
tregojnė se nė periudhėn nga 1 Janari deri mė 30 Tetorė tė vitit 2007 nė
vendin tonė ka pasur gjithsejt 557 zjare pyjore aktive.Si pasojė e tyre
janė djegur 34.010 hektarė sipėrfaqe,prej tė cilave 29.263 hektarė
sipėrfaqe e mbuluar nėn pyje nė pronėsi shtetėrore,si dhe sipėrfaqe jo e
mbulura me pyje prej 4.018 hektarė. 728 hektarė ėshtė siparfaqja e
sektorit individual e cila nuk u kursye nga zjaret e kėsaj vere. Masa e
drujve tė djegur si pasojė e zjareve tė cilėt i prekėn pothajse tė
gjitha visit pyjore tė vendit ,ariti nė 460,779 m2,ndėrsa e gjith kjo
shtetit i ka shkatuar dėm prej 880.087.340 denarė ose 14.427.661 euro.
Pėrkundėr dėmit material,demi me i madh nga keto zjarre ka qene
ekologjik, nga vetė fakti se djegja e pyjeve sjell dhe prishjen e
ekosistemit ne keto zona. Pikėrisht pėr kėtė,Qeveria e Maqedonisė ka
premtuar se do ti sanojė pasojat nga zjarret e sivjetshme, mirėo do tė
angazhohet pėr rritjen e fondit pyjor nė Maqedoni. Zėdhėnesi qeveriatrė
Ivica Bocevski ka bėrw tė ditur se gjatė vitit tė ardhshėm qeveria do tė
ndėrmarrė aksion masiv pėr pyllėzim,I cili do tė realizohet nė tė gjitha
rajonet e vendit dhe do tė mbillen aq drunj sa ka banorė nė Republikėn e
Maqedonisė. "Pėr pjesmarje nė aksion,qeveria do tė ftojė edhe sektorin
civil,kryesisht qytetarėt e vendit Organizatat Joqeveritare,Asociacionet
dhe do tė mbillen , aq drunj sa ka banorė nė Republikėn e Maqedonisė.
rreth 2.044.00 drunj, kuptohet sipas tė dhėnave tė fundit qė i marrim
nga Enti shtetėror pėr statistikė", ka deklaruar Bocevski. Zjarret, qė
kthyen njė sipėrfaqe tė madhė tė pyjeve dhe malet nė hi,flasin pėr njė
katastrofė tė mjedisit nė vend, gjatė vitit 2007. Laura Avdiu
На Петтата
министерска конференција за здравје и заштита на животната средина
промовиран Водичот за безбедни играчки на македонски јазик
Наташа Доковска
( Специјално за НЕА од Парма)
Парма, 10 Март,
2010:
Во зимски услови, со интензивни
врнежи од снег, и големо задоцнување денес во Конгресниот Центар во
Падова, некогашна фабрика за производство на шекер, започнува Петтата
минситерска конференција за здравје и заштита на животната средина.
Она што му
претходеше на отворањето на Конференцијата се неколкуте трибини, на кои
панелистите, во зависност од темата која ја третираат ги презентираат
сопствените акции и достигнувања во однос на заштитата на здравјето и
животната средина.
Сепак, се чини
дека најголем број на слушатели предизвика трибината посветена на
еколошките, т.н. суви тоалети кои сепоставени во неколку земји од
бившиот Советски сојуз, а со подршка на WECF.
Само колку за
илустрација, со поставување на
т.н. суви тоалети, во неколку рурални средини во Таџикистан, на
пр, голем број од децата се вратиле на училиште. Слична е ситуацијата и
во Ерменија и Украина.
Саша Габзон,
директор на WECF,
кажа дека голем број на девојчиња,
некаде над шеесет отсто одбегнуваат да одат во училиште поради
непостоење на соодветни услови за користење на тоалет или недостаток на
тоалети во училиптето. Таа потенцира дека особено откако девојчиња ќе ја
добијат првата менструација одбиваат да одат на училиште.
И додека
претставниците на земјите во развој се пожалија на лошите услови и
немањето финансии за поставување на тоалети, претставниците од
побогатиот дел на Европа укажаа дека и тие имаат проблем на санитацијата
во училиштата, особено што поради насилството меѓу младите во училиштата
дел од тоалетите се уништени.
Во една од трите
сали каде што се наоѓаат неколку изложби и се поставени триењетина
штандови на НВО кои учествуваат е и
штандот на кој е промовирана Меѓународната коалиција за безбедни
играчки. Утрово на овој штанд беше промовирн и водичот за безбедни
играчки, кој е преведен и испечатен и на македонски јазик и е промовиран
заедно со водичите на англиски, германски, француски, холандски и грчки
јазик. Промотор на македонското издание беше НВО Новинари за права на
жени и деца и заштита на животната средина.
|
|
|